Полихимниа е носител на EFFE Label 2026–2027
Меѓународниот фестивал Полихимниа е дел од FestivalFinder.eu, европскиот пребарувач на уметнички фестивали, и е носител на ознаката EFFE Label 2026–2027.
Прочитај повеќеНовости од фестивалот и натпреварот
Меѓународниот фестивал Полихимниа е дел од FestivalFinder.eu, европскиот пребарувач на уметнички фестивали, и е носител на ознаката EFFE Label 2026–2027.
Прочитај повеќеВо јули 2026 година млади музичари од Скопје, Битола, Струга и Штип беа на краткорочна Еразмус+ мобилност во Макарска, Хрватска, во организација на ЗМП Полихимниа.
Прочитај повеќеСаксофонистот Стефан Трајаноски го освои второто место со 99 поени во Ц категоријата за дувачки инструменти на 30. Меѓународен натпревар за млади инструменталисти „Euritmia“ во Поволето, Удине.
Прочитај повеќеПијанистката и педагог проф. Ана Ковачевиќ од Белград гостуваше како експерт на Еразмус+ со предавањето „Телесните движења и организацијата на временската структура на делото како обединувачки фактор во изведбата“.
Прочитај повеќеИдејните творци и организатори на фестивалот, Николина Ефтимова Тодоровска и Верица Шотаровска, гостуваа во емисијата „Наш подиум“ на националниот сервис МРТ, емитувана на 17 април 2026 година.
Прочитај повеќеЕдинаесеттото издание на Полихимниа постави рекорд по број на земји. На сцените во Скопје настапија млади музичари од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Бугарија, Грција, Германија, Шпанија и Нов Зеланд.
Прочитај повеќеВо рамките на фестивалот се одржа манифестацијата „Cellolove“, на која млади виолончелисти од Македонија следеа предавања и индивидуална настава со проф. Небојша Јанковиќ од Србија и проф. Зоран Степиќ од Грција.
Прочитај повеќеВиолистот Јован Муратовиќ, лауреат од минатогодишното издание, го одржа концертот на лауреатот на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со него настапија Лазар Милетиќ (виола) и Катарина Хаџи Антиќ – Татиќ (пијано).
Прочитај повеќеСо изданието од 11 до 15 април 2025 година меѓународниот натпревар Полихимниа одбележа десет години. Првото издание во 2016 година имаше 76 учесници, а јубилејното 420 натпреварувачи.
Прочитај повеќеУченици на ЗМП Полихимниа учествуваа во проектот Creative Vibes и заедно со врсници од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора создаваа уметност.
Прочитај повеќеВо јуни 2025 година ученици на ЗМП Полихимниа беа на краткорочна Еразмус+ мобилност во Уметничката гимназија во Копер, Словенија, и во Сплит, Хрватска.
Прочитај повеќеНа гала-концертот на најдобрите беа прогласени наградите на десеттото издание. Лауреат е Божана Гошева (виолина), втор лауреат Јован Муратовиќ (виола), а трети лауреати Магдалена Комилоска (флејта) и Ева Малиновска (виолончело). Најдобар млад изведувач е Дамјан Атанасов (пијано).
Прочитај повеќеВо јуни 2024 година претставници на ЗМП Полихимниа беа на job shadowing во Музичкото училиште „Коста Манојловиќ“ во Земун, Белград, во соработка со Наташа Јовиќ и организацијата МОТО.
Прочитај повеќеДеветтото издание на фестивалот се одржа во Скопје од 20 до 23 април 2024 година. Лауреат е Георги Перехот (виолончело), Црна Гора / Белорусија.
Прочитај повеќеНа 18 ноември 2023 година во Малата сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје се одржа конференцијата „Од натпреварување до професионална сцена: предизвици и решенија во педагошката и студентската практика“. Присуствуваа колеги и раководства на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип и ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес.
Прочитај повеќеВо август 2023 година ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје и од Државното музичко училиште од Битола беа на кратка едукативна Еразмус+ мобилност во Рим, со семинари кај Мисија Софија Јанони Себастианини и Марко Албрицио.
Прочитај повеќеЛауреат на осмото издание на фестивалот е Магдалена Дрмач, прогласена на концертот на најдобрите натпреварувачи. Наградата и плакетата „Јасминка Чакар“ за најдобра изведба на дело од Фредерик Шопен ја доби Димитриј Стојчевски.
Прочитај повеќеНа 1 и 6 декември 2022 година ЗМП Полихимниа, во соработка и со поддршка од Град Скопје, одржа предавања и обуки „Здрави животни навики кај младите“ во две средни училишта во Скопје, СГГУ „Здравко Цветковски“ и ДСИЛУД „Лазар Личеноски“.
Прочитај повеќеВо октомври 2022 година ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ беа на краткорочна Еразмус+ мобилност во Копер, во соработка со Уметничката гимназија Копер и проф. Аленка Зупан. Следеа часови во музичкото училиште во Копер и настапија на концерт.
Прочитај повеќеВо летото 2022 година ЗМП Полихимниа испрати млади музичари на повеќе меѓународни програми. Учествуваа на Фестивалот на младата медитеранска музика „La musica: un ponte tra i popoli“ во Форли, Италија, проект со 11 националности кој заврши со концерт во Белград.
Прочитај повеќеНа втората етапа на седмото издание, во мај 2022 година, прва награда доби Реља Митровиќ, втора Марија Ѓорѓиевска, а трета Симеон Гошев и Алекса Аќимовиќ.
Прочитај повеќеЛауреат на шестото издание е пијанистот Гоце Златев. Второ место освои Лазар Мутавџиќ (виолина), а трето Меги Реџепи (кларинет) и Симеон Гошев (виолина). За најдобро отсвирено македонско дело наградена е Јана Николовска (пијано), а наградата за млад надежен уметник ја доби Петра Митровиќ (пијано).
Прочитај повеќеПеттото издание се одржа во две етапи: првата со видео-снимки, а втората, со прогласување на лауреатот, на 5 декември 2020 година. Лауреат е Виктор Рафајловски (пијано), Македонија. Второрангиран е Горјан Стојановски (пијано), а третрангиран Антонио Шариќ, Босна и Херцеговина.
Прочитај повеќеЧетвртото издание се одржа во Скопје од 27 до 31 март 2019 година. Лауреат е виолинистот Леонардо Димоски.
Прочитај повеќеТретото издание на фестивалот се одржа во Скопје од 28 март до 1 април 2018 година, со музички работилници за учениците и семинари за наставниците. Лауреат е Валентина Станојевиќ од Факултетот за уметности во Ниш.
Прочитај повеќеВторото издание се одржа во Скопје од 30 март до 2 април 2017 година, со музичари од 10 европски земји. Натпреварот опфати флејта, кларинет, труба, виолина, виолончело, пијано, соло пеење и камерна музика, а на работилниците предаваа гостински професори од Србија, Бугарија, Црна Гора и Словенија.
Прочитај повеќеФестивалот ја почна својата историја во март 2016 година како фестивал и натпревар по камерна музика и флејта, а уште следната година прерасна во манифестација со сите дисциплини.
Прочитај повеќе