На гала-концертот на најдобрите беа прогласени наградите на десеттото издание. Лауреат е Божана Гошева (виолина), втор лауреат Јован Муратовиќ (виола), а трети лауреати Магдалена Комилоска (флејта) и Ева Малиновска (виолончело). Најдобар млад изведувач е Дамјан Атанасов (пијано).
За најдобра изведба на македонски дела наградени се Божана Гошева, која ја доби и наградата на Фондацијата „Томислав Зографски“ за „Song for solo violin“, Мила Манчев (пијано) за „Трета исповедна молитва“ од Ристо Аврамовски и Александра Каракачанова (флејта) за „Хумореска“ од Александар Џамбазов.