Еразмус+ мобилност во Макарска и концертите „Заедно“

24 јули 2026

Во јули 2026 година млади музичари од Скопје, Битола, Струга и Штип беа на краткорочна Еразмус+ мобилност во Макарска, Хрватска, во организација на ЗМП Полихимниа.

Имаа индивидуални часови и работилници со проф. Ана Пехар (флејта), проф. Хана Влахо (пијано) и проф. Ана Рунтиќ (виолина) во музичкото училиште во Макарска.

Настапија во Културниот центар „Павароти“ во Мостар, а на 21 јули концертот „Заедно“ во Старата црква на Францисканскиот манастир во Макарска ги обедини музичките училишта од Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Текст за Еразмус+ активностите на Премин

Фотографии