Предавања на проф. Ана Ковачевиќ во Штип, Битола и Скопје

15 јуни 2026

Пијанистката и педагог проф. Ана Ковачевиќ од Белград гостуваше како експерт на Еразмус+ со предавањето „Телесните движења и организацијата на временската структура на делото како обединувачки фактор во изведбата“.

Циклусот се одржа на 12 јуни на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на 13 јуни во Државното музичко училиште во Битола и на 15 јуни во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Учениците работеа на своите композиции и добија индивидуални насоки за интерпретацијата.

Фотографии