Единаесеттото издание на Полихимниа постави рекорд по број на земји. На сцените во Скопје настапија млади музичари од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Бугарија, Грција, Германија, Шпанија и Нов Зеланд.
Лауреат во дисциплината гудачки инструменти е Аника Димитрова (контрабас, 2011), Бугарија. Наградата за најуспешни млади изведувачи ја добија Славе Тимов (виолина, 2015), Македонија, и Андрија Цукров (виолина, 2013), Хрватска, а за најдобро изведено македонско дело Ева Малиновска и Ирина Давидовска (виолончело и пијано, 2009), за „Корени“ од Дијана Имери Илкоска.
Лауреат во дисциплините пијано, дувачки инструменти и соло пеење е Стефан Трајаноски (саксофон), Македонија. Најдобар млад натпреварувач е Дрини Дришти (пијано), Албанија.