Лауреат на шестото издание е пијанистот Гоце Златев. Второ место освои Лазар Мутавџиќ (виолина), а трето Меги Реџепи (кларинет) и Симеон Гошев (виолина). За најдобро отсвирено македонско дело наградена е Јана Николовска (пијано), а наградата за млад надежен уметник ја доби Петра Митровиќ (пијано).
Фестивалот вклучи и семинари со проф. Милена Стевановиќ (виолина) и проф. Елена Стојческа (флејта).