Десет години Полихимниа

15 октомври 2025

Со изданието од 11 до 15 април 2025 година меѓународниот натпревар Полихимниа одбележа десет години. Првото издание во 2016 година имаше 76 учесници, а јубилејното 420 натпреварувачи.

Натпреварот го осмислија флејтистката Николина Ефтимова-Тодоровска и пијанистката Верица Шотаровска, кои заедно со тим колеги го градат веќе десет години, за младите музичари да се среќаваат, натпреваруваат и учат едни од други.