V Полихимниа: лауреат е Виктор Рафајловски

5 декември 2020

Петтото издание се одржа во две етапи: првата со видео-снимки, а втората, со прогласување на лауреатот, на 5 декември 2020 година. Лауреат е Виктор Рафајловски (пијано), Македонија. Второрангиран е Горјан Стојановски (пијано), а третрангиран Антонио Шариќ, Босна и Херцеговина.

Дипломата за најуспешен млад натпреварувач ја доби Јован Филев (пијано), за најуспешно отсвирено дело од Л. в. Бетовен Горјан Стојановски, а за најдобро изведено дело од македонски автор Јана Тодоровска. Во онлајн делот прва награда доби Алекса Аќимовиќ (виолина), втора Марио Филипов Маринов (флејта), трета Борис Петров (флејта), а за најдобар најмлад натпреварувач е наградена Марина Никова (виолина).

Четворицата најдобро рангирани пијанисти за награда работеа со маестро Симон Трпчески на семинар во соработка со Piano Centre.

Фотографии