Фестивалот ја почна својата историја во март 2016 година како фестивал и натпревар по камерна музика и флејта, а уште следната година прерасна во манифестација со сите дисциплини.
Во програмата беа работилница по флејта со проф. Метод Сирониќ од Хрватска, концерт на Јелена Тихомировиќ (пијано) и Метод Сирониќ (флејта) во Салон 19,19 на 18 март и завршен концерт на најдобрите натпреварувачи.