IV Полихимниа: лауреат е Леонардо Димоски

31 март 2019

Четвртото издание се одржа во Скопје од 27 до 31 март 2019 година. Лауреат е виолинистот Леонардо Димоски.

Концертниот дел го отвори виолончелистот Милтиадис Казарас од Грција во Даут-пашин амам, а следеа гала-концерт во Камерната сала на Македонската филхармонија и концерт на Јелена Тихомировиќ (пијано) и Метод Сирониќ (флејта). Семинари одржаа Хајди Елзесер (пијано), Метод Сирониќ (флејта), Весна Цоуфал (соло пеење) и Дрилон Чочај (гитара).

Фотографии