Стефан Трајаноски освои второ место на „Euritmia“ во Италија

21 јуни 2026

Саксофонистот Стефан Трајаноски го освои второто место со 99 поени во Ц категоријата за дувачки инструменти на 30. Меѓународен натпревар за млади инструменталисти „Euritmia“ во Поволето, Удине.

На натпреварот отиде како кандидат на ЗМП Полихимниа, избран на селекцијата за Еразмус+ мобилност за ученици, а настапи и на свечениот концерт на најуспешните учесници.

Фотографии