На 18 ноември 2023 година во Малата сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје се одржа конференцијата „Од натпреварување до професионална сцена: предизвици и решенија во педагошката и студентската практика“. Присуствуваа колеги и раководства на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип и ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес.
Претходно, на 28 и 29 октомври, проф. Николина Е. Тодоровска учествуваше на меѓународната конференција на истата тема во Белград, чиј организатор и модератор беше проф. Наташа Јовиќ Тривиќ од организацијата МОТО.