Во летото 2022 година ЗМП Полихимниа испрати млади музичари на повеќе меѓународни програми. Учествуваа на Фестивалот на младата медитеранска музика „La musica: un ponte tra i popoli“ во Форли, Италија, проект со 11 националности кој заврши со концерт во Белград.
На Rrok Academy Classic во Скадар, Албанија, настапија Дорина Селмани и Елса Азизи (виолина) и Давид Богоевски, а двајца ученици учествуваа на мастеркласот по хармоника со завршен концерт во Театро Верди во Чезена, Италија, благодарение на соработката со проф. Бард Јакова.