Фестивал

Меѓународниот фестивал на Полихимниа е манифестација која традиционално се одржува шеста година по ред во втората половина од месец март низ концертните сали ширум главниот град. Учество земаат ученици и студенти од Република Македонија, соседните земји, но и учесници од Европските земји. Oваа година ќе бидат застапени повеќе категории на инструменти за соло и камерна изведба (пијано, хармоника, дувачки инструменти, гудачки инструменти, гитара, соло пеење и камерна музика).


Во рамките на фестивалот ќе се одржи:

-Меѓународен Натпревар Полихимниа 2024

-Концерт, работилници и семинари за ученици и студенти

-Прогласување на Лауреати, доделување на концерт и парични награди од наградниот фонд на фестивалот

-Концерт на Лауреатите од минатогодишниот Меѓународен натпревар Полихимниа 2023

Натпревар

Краен рок за пријавување е до 01.04.2024



Фонд на награди:

-Лауреат на Натпреварот и доделување Солистички Концерт на отварањето на X Меѓународниот натпревар Полихимниа 2025г.


-Парична награда за најдобрите тројца натпреварувачи на “Музички надежи”


-Парична награда и Плакета „Јасминка Чакар“ за најдобро изведено дело од Шопен, ја доделува семејството


-Награда за учество во Ерасмус + Мобилност


-Награда за најмлад најуспешен натпреварувач


-Награда за учество на семинар


-Награда за најдобро изведено Македонско дело


-Признание за најдобро изведена композиција од Томислав Зографски и славење на неговиот јубилеј




Контакт

Контактирајте не во формата подолу или на:

polyhymniazmp@gmail.com